После 30-та веќе е касно за диети?!

9 март, 20130
5

Откако ќе наполнат 30 години жените стануваат многу посексуални, но во однос на слабеењето работите се сосема спротивни. Од овој момент па понатака да се здобиеш со секси тело со помош на диети станува се потешко!

Дури полошо! Според британските експерти за жените над 30 години нема речиси никаква надеж да се збогуваат со излишните килограми со помошта на било какви диети. Горчливата вистина е дека со зголемувањето на возраста луѓето не губат, а поточно започнуваат постепено да натрупуваат килограми. И дури најволшебните диети не се способни да го неутрализираат ефектот на времето.

Звучи доста екстремно но овој заклучок е направен на базата на научни истражувања помеѓу 25 илјади мажи и жени. И резултатите се категорични – ако во средна возраст човек започне да зголемува тежина со годините оваа тенденција само се влошува независно од диетите кои ги применува.

Др Ребека Харди објаснува дека дури и дадени диети да дадат позитивни резултати, ефектот „секси тело“ ќе биде само привремен! Според статистиката само 10% од луѓето на средна возраст постигнале добри резултати после диета, но во повеќето случаи најдоцна после година дена тие повторно ги вратиле изгубените килограми.

Според експертите единствениот спас од овој порочен круг не се драстичните диети туку здравиот режим на исхрана. Не си мислете дека ако сте во своите 20-ти дека можете да си грицкате чипс без тоа да ви се одрази во подоцнежна етапа од вашиот живот. Лошиот режим на исхрана лесно преминува во навика и затоа луѓето уште во својата младост треба да научат како да ја сортираат здравата и елиминираат нездравата храна.

Ако вие припаѓате на онаа група луѓе над 30 години, со цел да ја добиете битката со килограмите, не се впуштајте во ригорозни диети, туку изберете здрав режим на исхрана!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber