
Експертите докажале дека постарата верзија на Мона Лиза што е пронајдена минатата година исто така е дело на Леонардо Да Винчи. Оваа верзија претставува релативно помлада особа од оргиналната Мона Лиза.
Мона Лиза што се наоѓа во Лувр долго време беше позната како единствената таква насликана од раката на италијанскиот уметник.
„Младата“ Мона Лиза во моментов се наоѓа во Женева. Последните текстови потврдуваат дека и таа е дело на истиот сликар. Анализите на експертите покажале дека и на двете слики геометриските пропорции кои Леонардо ги употребувал при сликање на портрети се совпаѓаат.



