Џастин Бибер и Селена Гомез Нова година планирале заедно да ја дочекаат во Мексико, но планот малку им се пореметил!
Извор открива дека Џастин и Селена жестоко се скарале пред да ја дочекаат 2013 година. Младата актерка го напуштила Мексико на 30 декември, а Џастин ден после неа.
Последната расправија наводно ги довела до ново прекинување.
“Постојано раскинуваат и се смируваат, затоа е тешко ова прекинување да го наречеме конечен крај на нивната врска”, открива изворот.
Причина за тензите, наводно е љубомора.
“Селена постојано се забавува без Џастин, а тоа потполно го полудува”, додава изворот.