Прекрасен ресорт на Алпите
Овој луксузен ресорт во Шавајцарија е сместен на една од најубавите дестинации во светот – на Алпите.
Прекрасниот ресорт “Chalet Trois Couronnes” е завршен во 2012 година и без сомнение е една од најуникатните и напосакуваните зданија на Алпите. Ова ремек дело е резултат на тимот во кој се наоѓаат архитектите, дизајнери на ентериерот и уметници со потекло од сите делови на Европа.
“Chalet Trois Couronnesis” изобилува со антиквитети, уметнички дела, фонтани од природен камен, камин во готски стил и со подови и тавани кои датираат од 18-ти и 19-ти век. За време на изградбата големо внимание се обрнувало на деталите и користена е локална технологија на конструирање за хотелот целосно да се вклопи во планинскиот амбиент кој го опкружува.
Хотелот се состои од три посебни вили кои се поврзани со уметничка галерија и сала за прослави, додека секоја од нив има по 8 спални соби со приватни бањи и кабини за туширање. Како додаток на салата секоја вила има и трпезарија и отворена дневна соба. Со 1300 квадратни метри, зафаќа завидна позиција и несекојдневен поглед на село кое се наоѓа под планинските врвови кои го опкружуваат.
Секоја вила им нуди на гостите користење на луксузен спа центар, базен, сауна и џакузи на отворено. Во понудата, исто така, постои и кино сала, винарска визба и подземен паркинг кој има простор за 8 автомобили. Хотелот користи соларна енергија и е најголемото “Eco – Friendly” здание на Алпите.