Човек се самозапали на аеродромот во Рим
14 февруари, 20130
Настанот се случува на меѓународниот аеродром во Рим, каде еден од таму присутните се самозапалил, предизвикувајќи голема паника меѓу останатите. Медиумите известуваат дека станува збор за нелегален имигрант од Брегот на Слоновата Коска кој требало да биде депортиран од Италија.
Мажот пред да помине преку одделот за проверка на главниот терминал за патници кои заминуваат, се полеал со бензин и се потпалил.
Обезбедувањето успеале да го изгаснат огнот, а мажот бил веднаш пренесен во болница со тешки изгореници по телото.
http://www.youtube.com/watch?v=4xL7guwuzHg