
Понекогаш да се биде секси и привлечен е голем проблем. Токму таква судбина ја спопаднала Британката Сијан Вилкокс (25), која поради својот изглед не може да најде работа. Покрај тоа што оваа плавуша е мошне привлечна, таа има уште еден проблем – работи како електричар.
“Не сакаа да ме вработат во 50 фирми само поради мојот изглед. Како причини за тоа, ми соопштија дека ќе ги вознемирувам работниците. Не знам што да правам, едноставно не ме сваќаат сериозно“ – вели сексапилната девојка.
“Еден од работодавците дирекно ми рече дека со својот изглед ќе ги вознемирувам колегите и клиентите кои буквално би зјапале во мене. Еден друг пак ми рече дека местото на жената е во кујна“ – раскажува девојката.
Таа се жали дека сите ја гледаат со други очи бидејќи е убава и згодна, а дека никој не се интересира дали знае да ја работи работата или не.