Прочистување на организмот со ориз

21 јануари, 20130
oriz

Ова е еден од најлесните и достапни начини за прочистување на организмот од отпадните материи и токсини.

Прочистувањето со ориз станува се повеќе популарно, ние ќе ви објасниме зошто.

Како дејствува “оризовото” чистење на организмот?


Се смета дека татковината на овој метод е Кина. Прочистувањето со ориз овозможува да се исфрлат од организмот штетните отпадни материи и соли, наталожени во телото. Оризот ефикасно го чисти дигестивниот тракт и црниот дроб, наопените зрна во чиста вода добро ги апсорбираат сите штетни елементи. И покрај безбедноста на овој метод, не е убаво тој да се применува почесто од еднаш годишно.

Најдобро е да користите кафеав ориз, неисчистен од обвивката.

Времетраење на прочистувањето – 40 дена

1. Подгответе си 5 тегли од 0,5 (обележете ги за да не ги помешате)

2. Претходно исчистениот ориз (2-3) лажици, ставете го во првата тегла и до врвот додадете чиста вода.

3. Следниот ден исцедете ја водата, исплакнете го оризот и пак потопете го со вода. Освен тоа, ставете во втората тегла 2-3 супени лажици измиен ориз и потопете со вода.

4. Следниот ден сменете ја водата од двете тегли и на ист начин подгответе ја третата.

5. Постапете на истиот начин, додека не наполните сите тегли.

6. Шестиот ден исцедете ја водата од првата тегла, измијте го оризот, потопете го со врела вода, да се покрие целосно и по 40 минутиизедете го за појадок (не треба да јадете ништо друго). Оризот не смее да се зачинува со ништо. Јадете го топол,  џвакајќи го темелно секој залак. Пред јадење е дозволено да испиете чаша топла вода. По јадење, сепак треба да чекате 3 часа пред да јадете или пиете нешто. Менито може да остане нормално, само исклучете мрсни јадења. Освен тоа, за време на чистењето треба да земате производи богати со калциум.

7. Повторно ставете ориз и вода во испразнатата тегла. Следниот ден пригответе го оризот од втората тегла и наполнете нова порција.

Циклусот се повторува до истекот на 40-те дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi