Путин доби ќерка со љубовницата?

30 јануари, 20130
putin

Рускиот претседател Владимир Путин, за кој се верува дека има тригодишен син со бившата олимписка гимнастичарка Алина Кабаева, наводно со 29-годишната убавица, сегашна претставничка во Думата, минатиот ноември добил и ќерка – јавува „Њујорк пост“.

Московските медиуми никогаш конкретно не известиле дека Путин е таткото, а кога Кабаева пред две години се појавила на насловната страница на рускиот „Вог“, рекла дека момчето е нејзин внук.

„Секако, сите мислат дека ми е син“- рекла тогаш низ смеа Кабаева.

Кога московскиот „Коресподент“ во 2008 година напиша за тајната свршувачка на Путин и Кабаева, сосптвеникот на весникот, рускиот мултимилијардер Александар Лебедев, брзо нареди повлекување на таа вест и го укина весникот.

Сопругата на Путин, Људмила, не е видена во јавноста од инаугурацијата на Путин, минатата пролет, а не е одржана ни прослава за нејзиниот 55. роденден, што бил овој месец.

Се верува дека Путин ја преместил Алина и нејзините две деца во нивниот летниковец во Сочи, на Црното море. Људмила наводно се наоѓа во гостинската куќа во државна сопственост, во близина на границата со Естонија, вредна 1,5 милион долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi