Раде Шербеџија во Лондон одржал концерт во чест на Тоше Проески

popara29 јануари, 20131min00
rade

Концертот за 32 роденден на Тоше Проески во Лондон го организирало македонското друштво “Круг”.

“Мило ми е што имаше толку многу луѓе и што македонското друштво ‘Круг’ избрале мојот концерт да се одржи за таа прилика, се разбира, под сугестија на родителите на Тоше и оние кои се занимаваат со неговата музика и дела”, истакнува Шербеџија, кој во 2011 година со Мирослав Тадиќ настапил и по повод отворањето на спомен куќата во Крушево.

Шербеџија во Лондон бил придружуван од неговиот бенд Западни колодвор, а специјален гостин на концертот била младата Тања Царовска. Заедно ја испеале песната “Зајди, зајди”. На ова дружење присуствувале англиските академици и уметници од различни профили, а меѓу гостите бил и продуцентот на Тоше, Енди Рајт.

“Ги обожував неговите песни. Тоше беше исклучителен талент. Особено сакам да ги слушам неговите албуми кои се снимени во живо од неговите концерти, кои откриваат врвен пејач и нежна личност”, изјавил Шербеџија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma