Некогашниот претсетадател на Република Српска, Радован Караџиќ испратил писмо до амбасадорот на Еквадор во кое бара дозвола претседателот на неговиот тим за одбрана да се сретне со Џулијан Асанж, творецот на Викиликс.
– Барам од Владата на Еквадор дозвола за мојот легален претставник Питер Робинсон да се сретне со Џулијан Асанж, кој во моментов престојува во вашата амбасада во Велика Британија – се вели во писмото на Караџиќ.
Во соопштението се додава дека Робинсон, кој е американски адвокат ќе ги почитува правилата и ќе се однесува во склад со правилникот кој вашата влада ќе го одреди за тој состанок.