Раскинале Ријана и Крис Браун?!

15 февруари, 20130
rihanna

Иако по доделувањата на Греми наградите, медиумите пишуваат за нежностите кои ги разменуваше заљубениот пар, изгледа дека сето тоа било маска, оваа врска дефинитивно пукнала.

Ријана и Крис Браун се избегнувале еден со друг, откако се појавиле во истиот ноќен клуб во Лос Анџелес.

На доделувањата на Греми наградите во неделата Крис и Ријана изгледале среќно и заљубено. Но, странските медиуми пренесуваат дека во средата, тие се избегнувале еден со друг во еден ноќен клуб во Лос Анџелес.

Изворот тврди дека Ријана не знаела дека Крис ќе се појави на истото место. Кога менаџерите на клубот ја прашале дали сака да седи покрај своето момче, пејачката ја одбила понудата.

“Ријана одбила да седи покрај него или било каде во негова близина. Ни на Крис не му беше мило што ја гледа Ријана. Набрзо порача уште 3 алкохолни пијалоци, а притоа доби и шампањско”, вели изворот.

Двајцата во клубот дошле одвоено, а така и го напуштиле. Во текот на вечерта не комуницирале. По настапот на Ријана на доделувањата на Греми наградите, дури и се претпоставуваше дека се свршени, поради дијамантскиот прстен кој пејачката го имала на својата рака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi