Четири непознати лица со автомобил удриле во 48 годишен човек од Охрид, по што едно од лицата излегло од возилото и од повредениот земало платнена чанта, во која имало околу 120.000 евра.
Напаѓачите веднаш потоа со возилото се упатиле кон излезот на Охрид, кон магистралниот пат Охрид – Кичево, додека повредениот бил пренесен во болницата Св.Еразмо.
Охридската полиција презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите на кривичното дело разбојништво, при што на потегот помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, од страна на полициските службеници, пронајдено било запалено патничкото возило „Фолксфаген-џета“, кое сторителите го користеле при извршување на кривичното дело.