Рецепт за раскинување без солзи

27 декември, 20130
11

Што да правите кога ќе сватите дека не сте во состојба да ја одржите врската и дека пред вас и вашиот партнер не стои заедничка иднина? Сите знаеме колку е тешко да се преживее раскинување. Еве неколку совети кои ќе ви ја олеснат кризата:

Без расправии и тешки зборови

Колку и да сте повредени, не викајте, не обвинувајте го партнерот за сите гревови на овој свет и не префрлајте ја целата вина на него.

Без “случајни“ средби

Не одете на оние места каде можете да го сретнете бившиот партнер и дистанцирајте се некое време од заедничките пријатели со цел да не ве известуваат за неговиот живот и да ви навраќаат болни спомени.

Храната не е лек за тага

Можеби ви се чини дека ќе се чувствувате подобро ако се заобиколите со купишта нездрава храна за која верувате дека ќе ви ја ублажи тагата, но тоа не е добар рецепт. Единствено што ќе постигнете е тоа дека ќе се чувствувате уште полошо.

Без пијани повици среде ноќ

Не треба да се затворите во четири ѕида, напротив, пожелно е да излегувате со своите пријатели. Внимавајте само да не претерате со алкохол и во алкохолизиран налет на емоции да почнете да вртите кај бившиот за да му кажете колку многу ви недостасува.

Не влегувајте веднаш во нова врска

Треба да помине одредено време за да ја надминете кризата. Кога срцето ќе престане да боли, дури тогаш сте подготвени за лов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi