
Reed Flute е природна пештера, настаната за време на милиони години на варовничките планини и е една од најпознатите атракции на Guilin…
Името го добила по зелените трски кои растат надвор од неа и од кои може да направите мелодична флејта. Во рамките на оваа пештера се наоѓа спектакуларен свет на различни сталактити, сталагмити, камени столбови и формација на карпи кои се создадени со седиментација на карбонат и осветлени со разнобојни светла, со цел да се создаде нерелано фантастично искуство.
Оваа 240 метри долга пештера е исполнета со интересни форми и формации на карпи што личат на многу чудни работи. Многу формации имаат посебна форма на митолошки суштества или природни слики. Некои личат на зеленчук, а една дури и личи на Статуата на слободата.
Внатре, има преку 70 натписи направени со мастило, кои датираат дури од 792 година пред нашата ера, односно од времето на династијата Танг. Тоа се забелешки и песни кои се составени од страна на нивните литерати кои го посетувале оваа магично место. Овие стари забелешки ни зборуваат за тоа дека оваа пештера била атракција во Guilin уште во античките времиња. Оваа пештера е речиси заборавена околу илјада години, пред во 1940 година да биде откриена од страна на група на бегалци. Таа сега е дел од скоро сите планови за патување…












