88 коло на НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 02.11.13, ја донесе премијата Џокер со 6 погодоци, вредна рекордни 3.003.077,00 денари. Дамата која ја направила уплатата, со што стана стана член на нашето среќно семејство добитници е Атанасовска Катерина од Делчево.
Катерина е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а својата уплата ја направила во продажното место Вера НБ во Делчево на 01.11. 13, пред да замине на работа, без поголеми очекувања. Уплатила две комбинации на Новолото и една комбинација Новолото Џокер за вкупен износ од 50 денари.
Само за потсетување, Делчево се покажа како место каде играчите имаат најголем потенцијал за ловење на оваа премија. Претходно, во 18 коло го имавме добитникот на поединечната добивка Новолото Џокер, премија која тогаш беше вредна 600.000, 00 денари.
Вечерашното издание на 91 коло од НОВОЛОТО повторно ќе ги радува сите кои ќе се обидат да ја измерат среќата во нивниот избор на бројки. Само за потсетување дека и фондот за 7ка продолжува да расте, сега е фантастични 13.380.000,00 денари. Дали некој ќе ги добие ќе откриеме вечерва по 20 часот на Сител телевизија со прекрасната Марјана.
ЗА ДОБРО!
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА