Роденденот кој не го дочека: Тоше Проески денес ќе наполнеше 32 години!

25 јануари, 20130
tosepoginuoW

Со промоција на неговата најнова песна во спомен-куќата во родното Крушево ќе се одбележи 32-роденден на прерано почината ѕвезда, Тоше Проески.

На неговиот роденден безвременските хитови во живо ќе ги исполнат Андријана Јаневска, Некст тајм, Бени Шаќири и Александра Пилева. По нив, како дел од богатата музичка програма ќе настапат и Фантастик бенд и неговата верна дружина,  Бендот на Тоше.

На настанот премиерно ќе биде емитувана новата песна на Тоше, “Sve je ovo premalo za kraj”, како и спотот за неа и ќе биде преставен новиот постхумен албум “Best of Tose”.  За новата песна и соработката со македонската легенда ќе говори Јелена Трифуновиќ, текстописец и композитор на песната.

Покрај песната ќе биде промовиран и новиот албум издаден од фондацијата “Тоше Проески“, насловен “Best of Tose Proeski“, со 16 композиции кои ја одбележаа неговата, прерано заврешена кариера, како “Боже, чувај ја од зло“, “По тебе“, “Још увјек сањам да смо заедно“ , “The hardest thing“, “Ден за нас“ и “Наслони главу“. На обвиката од аблумот ќе има и досега необјавени фотографии од македонскиот ангел.

На присутните ќе им се обратат министерката Елизабета Kанческа-Милевска и Андреј Николовски од Фондацијата “Тоше Проески“, која е организатор на настанот кој ќе почне во 12 часот во Крушево.

Покрај повторната изведба на неговите хитови, за неговиот роденден, новинарката  Соња Алексовска-Неделковска ќе прочита дел од неговата богата биографија, а Сократ Лафазановски ќе подари дело насликано во неговаа чест.

Утре, еден ден по роденденот на Тоше, во Лондон познатиот хрватски и холивудски глумец Раде Шербеџија ќе одржи концерт посветен на нашиот голем музичар.

Тоше беше голем хуманист, па во чест на неговите добри дела ќе се одржи крводарителска акција.

Акцијата ќе се одвива во Домот на АРМ во Скопје од 10 до 18 часот. Организатори се интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум и Црвениот крст на град Скопје, а е поддржан од Фондацијата “Тодор Проески“.

Тоше засекогаш ќе остане во македонските срца, иако живее само 26 години тој на Македонија и на светот му подари песни, за среќа и за утеха, но и успеаа во својот краток  живот да ја разбуди хуманоста во сите нас.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi