Рускиот Бин Ладен најавува напади за време на Олимписките игри во Сочи

30 декември, 20130
22

Исламистичкиот водач Доку Умаров се заканил дека ќе го спречи одржувањето на Олимписките игри во Сочи.

Овој самопрогласен емир на Кавказ стои зад самоубиствените бомбашки напади во московското метро во 2010 година, кога погинаа најмалку 40 души, а повредени беа повеќе од 100 лица и додава дека тој стои и зад нападите во јануари следната година на аеродромот Домодедово каде загинаа најмалку 37 души, а повредени без 180 лица.

Умаров поради тие напади во медиумите е наречен “руски Бин Ладен“.

Во пораката пренесена од страна на медиумите Умаров најавил дека ќе употреби максимална сила за да ги спречи Олимписките игри во Сочи.

“Денес мораме да им покажеме на оние во Кремљ дека нашата добрина не е слабост. Тие планираат да ги одржат Олимписките игри врз коските на нашите предци. Врз коските на многу муслимани закопани во наша земја, на бреговите на Црното море. Од нас, како муџахедини се бара да не го дозволиме тоа. Ќе ги користиме сите методи кои Алах ни ги допушта“ – гласи пораката на чеченските терористи.

Фото: Ѕоутубе/Abu Usman

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *