Педесетгодишен маж од Тајланд се наоѓа во критична сосотојба, откако лекарите во Банког утврдиле дека добил рак бидејќи пред пет години во илегална клиника го зголемил својот пенис во кој му било вбризгано маслиново масло.
Мажот добил рак како последица од исекотините на пенисот кои не биле правилно медицински третирани.
Лекарот Сурат Китисуп, кој го оперирал пациентот, вели дека несреќниот човек во болница дошол со отечени тестиси со големина на кокос. Ракот во пенисот се проширил и на тестисите и зафатил и некои други делови на абдоменот.
Пенисот му бил хируршки отстранет, но пациентот и понатаму бил во тешка состојба, бидејќи постои можност ракот да се прошири и на останатите делови од телото.