Сакал да јаде жени: Полицаец канибал прогласен за виновен!

13 март, 20130
2

Полицаецот Гилберто Вале (28) од Њујорк прогласен е за виновен вчера пред судот на град Њујорк бидејќи планирал да киднапира, да свари и да изеде неколку жени. Му се заканува доживотна робија, а пресудата ќе биде изречена 19 јуни.

Целиот случај е разоткриен минатото лето кога агентите на FBI преку истрага на компјутерот на сопругата од обвинетиот нашле негови мејлови каде со уште тројца се договара како да киднапираат неколку жени и после да ги сварат за да ги изедат.

Адвокатот на обвинетиот смета дека сето тоа била само чиста фантазија и дека во текот на онлајн разговорот дал неточни податоци во врска со жените за кои велел дека се потенцијална мета.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *