Сами и среќни: Како да го ‘преживеете’ Денот на вљубените ако сте сингл

popara14 февруари, 20131min00
valentine

Специјални попусти за вечера за двајца, билети за кино за двајца, иди за подароци…Денот на вљубените кој се празнува ширум светот, а последниве години и кај нас станува се повеќе популарен, може да биде ноќна мора за сите дами кои немаат партнери. Во фактот дека сте без партнер на 14 февруари нема ништо лошо. Само запрашајте се зошто е тоа така, сетете се колку го сакате својот живот и забавувајте се сами за себе. Еве неколку идеи како да го направите совршен овој ден.

Поминете ја ноќта со вашиот омилен актер

Сеедно дали вашиот маж од соништата е Џони Деп, Бред пит, Џорџ Клуни или некоја друга ѕвезда, организирајте си филмски маратон во кој ќе ги гледате само филмовите во кои играат вашите омилени мажи од големите платна. По неколку часа поминати во друштво на омилениот актер ќе заспиете опуштени и задоволни.

Размазeте се

Помислете колку пари сте заштедиле, бидејќи не сте морале на пратнерот да му купите подарок, па тогаш почестете се себе си. Поминете го денот во некој спа центар, одете во шопинг. Дури и оние дами кои не располагаат со многу пари можат овој ден да се почастат со фенирање, маникир, педикир, парче накит, а погледнот на новата фризура и црвениот лак на ноктите веднаш ќе ви го подигне расположението.

Посакајте нешто ново

Ова е идеална прилика да почнете некоја нова активност која би можеле да ја засакате. Тргнете на часови салса или некој друг танц, обидете се со јога, запишете некој курс за кој веќе со месеци размислувате.

Забавувајте се со пријателите

Тоа што сте сингл не значи дека сте осамени, ниту единствена личност на светот која нема партнер. Соберете ги пријателите и заедно излезете во омилениот клуб, ресторан, на караоке, куглање…Можете дури да организирате и домашна забава на која ќе повикате луѓе со кои не се гледате често. Со малку храна, пијалоци и некои друштвени игри кои сте ги сакале како тинејџери, може одлично да се забавувате.

Израдувајте ги саканите личности

Иако нема да добиете букет цвеќе, романтична вечера или некој друг подарок од партнер, ова е ден кога треба да дадете љубов на другите луѓе. Изненадете ја вашата мајка со некоја ситница, најдобрата пријателка однесете ја во кино, а колешката на колачи. Единствено кога другите ги правиме среќни, можеме и ние самите да бидеме исполнети.

Сетете се зошто е добро да се биде сингл

Ставете ги на хартија сите позитивни страни на тоа што сте во моментов сингл и ќе видите дека списокот и не е толку краток. Уживајте во времето кое го имате за себе и ставете ја својата независност, дури и ако тоа значи дека ќе изедете еден куп колачи, чоколади, пица и чипс и ќе скокате низ домот со омилените ваши песни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag