Самсунг се обидува да ги поправи грешките допуштени на Галакси S3 моделот

popara9 декември, 201317min00
30

Самсунг повторно пробува да го активира ажурирањето за нивните Samsung Galaxy S3 модели, поради многуте револтирани корисници на  кои им се блокирале телефоните. На некои од корисниците им се трошеле батериите за неколку часа, им се укочувал целосно телефонот и се додека не се исклучи и вклучи повторно, не можеле ништо да сторат. Ажурирањето требало да го надополни андроидот со верзијата 4.3 позната како Jelly Bean.

Од компанијата се изјасниле дека им е крајно непријатно што дошло до такво нешто и дека за најбрз можен рок ќе се обидат да дадат се од себе за да го средат конкретниот проблем.Самсунг не можеле да дадат подетални информации за корисниците, ниту пак дали проблемот е решен или не. Она што неофицијано се дознава е дека компанијата ќе најде начин да ги задоволи револтираните корисници на еден од нивните подобри модели, а прашање е само на време кога ќе се огласат со официјално решение на ваквите проблеми.