Синоќа на „Беовизија“ Србија ги избра своите евровизиски претставници.
Гледачите преку смс пораки ја одбраа песната „Љубав је свуда“ којашто ја изведуваат трите сексипилни девојки Сара, Невена и Мирна, односно групата „Моје три“.
Оваа победничка песна е дело на Саша Милошевиќ Марет, а текстот е на Марина Туцаковиќ.
„Моје три“ ќе настапат во Малме во првата полуфинална вечер на 14 мај.
Од ТРС добија трофеј, како и парична награда од околу 5.000 евра.
Слушнете ја песната која ќе ја претставува Србија на Евровизија 2013.