Се бара брачен пар за пат на Марс!

28 февруари, 20130
77

Американскиот милјардер и првиот вселенски турист во светот Денис Тито изјавил дека луѓето кои стојат зад проектот финансиран од страна на неговата фондација, односно 501 дневно патување на Марс, сакаат да ангажираат еден маж и една жена.

Доколку ние не го реализираме ова вселенско патување до 2018, следната возможност ќе биде дури 2031 година, а до тогаш конкуренцијата ќе биде голема. Во изјавата за Ројтерс Тито нагласил дека сака тој да биде првиот човек кој ќе испрати луѓе на Марс.

„Човечкото истражување на космосот е критичен катализатор на нашиот иден развој и просперитет“, вели 72 годишниот Тито на конференцијата одржана вчера во Вашингтон.

Датумот на лансирање е предвиден на 5 јануари 2018. Капсулата би требало да пристигне на Марс 228 дена покасно, да направи круг околу планетата и да се врати на Земјата.

Denis Tito

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi