Тамара живее на луксузен имот во близина на сестрата Петра.
Само неколку дена откако Петра Еклстоун ги пуштила телевизиските камери на својот луксузен имот и ја покажала раскошната вила, истото го направила и нејзината сестра Тамара.
Поточно, таа ги пуштила фотографите од магазинот Hello! да го снимат преку стотина милиони долари вредниот имот кој се наоѓа во близина на имотот на Петра.
Поточно, Тамара е сопственичка на имотот од 19 илјади квадратни метри, а во самата вила се наоѓа приватно кино, клуб, теретана и сала за пилатес како и неколку гардероби. Вилата има 12 спални соби и 15 бањи и чини 125 милиони долари.
“Ова е куќата за мојот нов почеток. Знам дека е преголема за моите лични потреби, но се надевам дека тоа еден ден ќе биде мојата семејна куќа кога ќе одлучам да се венчам и да родам. Многу се радувам на селењето во новата куќа каде ќе можам да создадам нови спомени и да затворам врата на старите”, коментирала богатата наследничка на Берни Еклстоун. Таа неодамна раскина со нејзиниот вереник Омар Киами откако во јавноста се појави видео каде Омар е фатен во сексуални игри.
На прашањето каков дечко сака, Тамара одговорила: “Сакам некој кој ќе знае да ме насмее, но најважна е довербата, бидејќи без тоа нема ништо во една врска”.