Се самоубила на истото место каде починал нејзиниот дечко!

18 февруари, 20130
7

Минди Мекриди, американска кантри пејачка, извршила самоубиство на тремот во сопствената куќа. Од полицијата известуваат дека си го одзела животот пукајќи со огнено оружје. Таа и претходно во два наврати се обидела да си го одземе животот, а познато е дека има проблеми со употреба на дрога и алкохол.

Таа извршила самоубиство неколку недели после смрта на нејзиниот дечко и татко на нејзините две деца – продуцентот Дејвид Вилсон, чија што смрт е сеуште под истрага. Пејачката негирала било каква вмешаност во инцидентот. Интересен е фактот што Минди се самоубила на истото место каде умрел и нејзиниот дечко.

Нејзините две деца – 6 годишно момче и бебе од 9 месеци се одземени од социјалната служба уште во почетокот на месецот бидејќи на неа и било наредено да оди на рехабилитација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi