
Актерката Џенифер Анистон минатата седмица (12. 02) наполна 44 години, но да бидеме искрени никој не би и дал толку. Жената е во топ форма, младолика и секси. За целта вереницата на Џастин Теру посветува 40 минути секојдневно на физичка активност.
„Станувам рано и денот го започнувам со вежбање. Потребни ми се околу 40 минути и тоа ми е сосема доволно да изгледам и да се чувствувам одлично“ изјавува ѕвездата.
Таа ги советува жените дека вежбањето е најдоброто нешто што можеме да го направиме во име на својата убавина.
Наскоро се очекува да го каже судбоносното „Да“, но датата на венчавката сеуште е тајна.
Таа негира дека направила било каква пластична операција и тврди дека само со вежбање и здрав режим на исхрана сите ние можеме да го спречиме процесот на стареење.