Секс – фитнес: Колку калории трошиме за време на секс?

6 декември, 20130
29

Дали некогаш сте се запрашале колку енергија трошите во текот на една партија секс и дали гужвањето чаршафи може да замени напорен тренинг? Научниците сега имаат конкретен одговор на прашањето.

За време на еден просечен сексуален однос кој трае 25 минути, мажите трошат 100 калории. Бидејќи жените најчесто се во пасивни пози, трошат значително помалку, околу 69 калории. Сепак ова е само просек, бидејќи акцијата може да трае и еден час па и повеќе. секако, што подолго трае, толку повеќе калории ќе потрошите.

Целта на истражувањето била да се спореди колку калории се трошат со брзо одење на трака, а колку со секс. Вежбата траела 30 минути. Резултатот е дека жените кои умерено оделе по трака потрошиле 213 калории. Кога ги запрашале што им било помило, трчањето или сексот, 95% од жените одговориле – секс.

Силата што ја трошиме за време на секс далеку е поголема отколку енергијата што ја вложуваме во брзо одење. Од тоа може да се заклучи дека на сексот може да се гледа како на сериозен тренинг – се вели во студијата.

Доколку сакате прецизно да пресметате колку калории се трошат за време на секс, жените би требало да го помножат времето со три, а мажите со четири. Само не заборавајте додека множите и делите да уживате во самиот чин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit