Осум бесплатни начини за подмладување

6 декември, 20130
30

Третманите за разубавување, како и соодветната козметика помагаат за одржување на свежиот изглед на лицето и телото. Но ако сакате да изгледате помлади и без тие помошници, ќе ви откриеме осум животни навики кои ќе ве подмладат.

Редовен секс

Луѓето кои имаат секс четири пати седмично изгледаат 7 – 12 години помлади од своите врсници. Сексот го зголемува нивото на хормонот на раст кој ја прави кожата еластична и на тој начин придонесува за младалачкиот изглед.

Храна богата со антиоксиданси

Редовната конзумација на рибино масло и намирници со антиоксиданси може значително да ги намали видливите брчки.

Смејте се

Неколку студии покажале дека на луѓето кои често се со насмевка на лицето, другите им даваат многу помалку години од нивната реална возраст.

Престанете да правите гримаси

Како годините поминуваат, така кожата ја губи својата еластичност, па затоа брчките од гримасите стануваат трајни.

Физичка активност

Луѓето кои вежбаат изгледаат десет години помлади од своите врсници.

Повеќе сон

Спиењето освен што ги решава темните кругови под очите, делува и на вашиот изглед. Кожата кај луѓето кои имаат нарушување на сонот е помалку отпорна на штетните надворешни влијанија.

Пушење

Секоја деценија од пушачката кариера ве прави постари за две години. Цигарите предизвикуваат и дополнителни брчки на усните, веѓите и под носот, спуштени образи и подочници.

Заби

Со тек на време забите стануваат потемни, а со тоа и вие изгледате постари. Затоа размислете за избелување на забите или навлаки, со што ќе изгледате најмалку 10 години помлади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *