
Подпретседателот на СРС Зоран Крастиќ изјавил дека Шешељ барањето го поднесол во Хашкиот трибунал и дека бара прекинување на кривичната постапка, хитно ослободување и оштета од 12 милиони евра.
Изрекувањето на пресудата било закажано за 30 октомври, но подоцна било одложено на неодредено време.
Едната алтернатива е процесот на Шешељ да почне од почеток, што според правниците во Хаг е малку веројатно.
На Шешељ му се суди за злосторство над Хрватите и Муслиманите во Хрватска, Војводина и БиХ во периодот од 1991-93. Во притвор е од 24 фебруари 2003 година кога доброволно се предава, веднаш после објавувањето на обвинението.
После еден неуспешен обид на Шешељ со штрајк со глад, судењето започна во 2007 година, а претставувањето на доказите заврши дури минатата година. Во завршниот збор, во март оваа година, обвинителството предложило казна 28 години затвор, а Шешељ кој се брани сам, барал да биде ослободен.