
Обично се вели дека мажите се свињи. Ова обично се вели во случај кога ќе повиши глас на јавно место, кога ќе се почеша меѓу нозе во присуство на други луѓе и сл. меѓутоа ни жените не се толку невини во тој поглед…
Но за среќа, овие работи жените ги прават кога се сами:
Со денови носат иста облека – без проблем три дена по ред носат иста маица.
Скришно се дотеруваат – жените се средуваат во секоја прилика, дури и кога мажот ќе се сврти само неколку секунди. Отишол до продавница? Ете одлична шанса да си го поправам карминот и пудрата. Дамите така размислуваат бидејќи им е важно да изгледаат добро во секој момент, особено во машко друштво.
Ги анализираат СМС пораките – ова го прават кога се сами дома и немаат попаметна работа. По сто пати ги листаат пораките и го анализираат она што сте го напишале.
Маструбираат – самозадоволувањето е сосема нормална работа и тоа го прават речиси сите жени. И не само тоа. Кога се сами доми гледаат порничи. Така да не им верувајте на жените кои тврдат дека никогаш не гледале таков филм.
Јадат како луди – во состојба се да изедат цела пица или цела кутија сладолед наеднаш. Но тоа само тие го знаат и не им паѓа на памет да признаат такво нешто. Понекогаш едноставно мораат да се уништат од јадење за да почувствуваат задоволство.
Мочаат додека се тушираат – можеби човекот навистина настанал од мајмун, со оглед на животинските нагони кои тлеат во него. Па и во жените, бидејќи ова го прават секогаш кога ќе бидат сами под туш.
Не ги депилираат нозете – ако немате потреба веројатно ќе останете со недепилирани нозе. Особено во зима, бидејќи тогаш влакната и не се гледаат.