Значење на љубовните соништа

22 ноември, 20130
12

Најважно е чувството што го доживувате додека сонувате. Дали сте тажни? Исплашени? Љубоморни? Тоа ќе ви даде одговор за тоа каква е пораката од конкретниот сон.

Сонувате како го изневерувате партнерот – тоа може да значи дека партнерот не ги задоволува вашите потреби. Аферата во сон може да значи желба за повеќе страст во реалната врска.

Заедничка вечера – да се јаде заедно е добар и позитивен сон и може да претставува сексуален однос. Храната, меѓу другото, е начин на кој негуваме и исполнуваме некои компоненти од нашите животи, а заеднички оброк е нешто мошне интимно.

Некој друг го заменил вашиот партнер – вашиот партнер во вашиот сон е вашата средношколска љубов? Тоа може да значи дека сонувате за сегашниот однос, без разлика на тоа што во сонот се појавува друга особа. Сонот може да се протолкува размислувајќи што тие двајцата имаат заедничко што ве привлекло.

Една студија која била направена во соработка со 2000 луѓе, покажала дека бившите партнери исто така често се појавуваат во соништата – особено кај мажите. Тоа истражување покажало дека 25% од мажите редовно ги сонуваат своите бивши девојки.

Партнерот умрел во вашиот сон – ова сценарио е кошмар и не треба да го сватите буквално. Тоа всушност претставува страв од напуштање. Воопшто, кога сонуваме дека некој умрел, тоа е симбол дека во нашите очи врската умира, а не дека некој навистина ќе умре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *