Што сака да ви каже со подарокот што ви го дава?

22 ноември, 20130
20

Тој ви подарува:

Долна облека – мисли дека сте секси, но фантазира да го носите токму она што ви го подарил.

Книга  бестселер – не те познава добро, и “ако книгата им се допаднала на другите, зошто не и тебе?“, е неговиот резон.

Кученце или маче – во неговата глава има и дечиња и куќа и…среќно семејство.

Книга за готвење – повеќе не му се допаѓате, а не знае како да ви го каже тоа.

Мобилен телефон – или сака да му бидете достапна секоја секунда бидејќи многу му недостасувате или смета дека тој е приоритет и дека мора да знае каде сте.

Парфем што го немате – или сака да мирисате како неговата бивша, која го откачила, или не ги поднесува вашите омилени парфеми.

Компакт диск – внимателен е и го слуша секој ваш збор, ви го купил токму оној што ви се допаѓал.

Таа ви подарува:

Кравата – те смета за неодговорен или со други зборови “најди работа“.

Боксерици – сака да ве види со што помалку облека на себе.

Викенд на планина – сака само со вас да го помине целиот викенд – ако мислите дека врската станува сериозна, во право сте.

Накит – само го чека моментот кога вие ќе и купите прстен, и тоа не било каков, туку веренички.

Маичка или кошула – “ми се допаѓа твојот стил но подобро би изгледал вака“, ништо подиректно нема.

Врамена слика од вас двајцата – ви се чини дека слушате свадбени ѕвона? Вистината е дека моментот се наближува, барем во нејзината глава, или е опседнат манијак која насекаде ќе ве следи. Ни едното ни другото не изгледаат добро.

Карти за дерби – влезниците се знак за: “Води ме со себе за подобро да те запознаам, ако отидеш со друга, мене веќе ме немаш!“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit