
Американецот Доналд Деволт го добил назад својот сега веќе застарен мотор, кој му е украден пред речиси половина век.
Деволт (73) пред две седмици дознал дека властите во Калифорнија го нашле неговиот мотор во Лос Анџелес. Моторот требало да биде испорачан во Јапонија, но цариниците проверувајќи го идентификациониот број на возилото откриле дека кражбата била пријавена во фебруари 1967 година.
Вредноста на моторот тогаш била 300 долари, а денес вреди 9000 долари.
Деволт го користел моторот околу година дена пред да му го украдат од дворот. Тој сега во својата гаража има Кавасаки и Харли – Дејвидсон, а планира својот ново – стар мотор да го чува за специјани пригоди.

