ХАЛКБАНК чекор поблиску до клиентите: Нова филијала во Ѓорче Петров

22 ноември, 20130
oo1

Скопје, 22 ноември 2013На атрактивна локација во општина Ѓорче Петров денес беше отворена новата, 28-ма по ред филијала на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје во земјава. Се работи за уште еден успешен чекор на оваа институција како сериозен партнер на македонското банкарство, со цел континуирано да биде чекор поблиску до своите клиенти и квалитетно да одговори на секојдневните банкарски потреби на граѓаните.

На овој начин банката создаде дополнителна можност за развој на бизнисот во општината, во исто време нудејќи им поддршка на веќе постоечките компании во нивното деловно работење.

На свеченоста по повод отворањето на новата филијала пред присутните се обрати главниот извршен директор на Банката, г. Неџдет Палакчи, изразувајќи го своето задоволство од проширувањето на мрежата на банката низ Македонија. На настанот присуствуваа и претставници на општина Ѓорче Петров, претставници на Амбасадата на Р. Турција, како и важни деловни клиенти на Банката.

Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје: штедни влогови, платен промет во земјата и станство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, вадење VISA, MasterCard и Maestro платежни картички и др.

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје  е позната како банка која на физичките лица им нуди особено поволни производи и услуги, а е специјализирана во областа за кредитирање на мали и средни фирми и големи компании. Дистрибутивната мрежа на институцијата во моментов опфаќа 28 локации  во 13 градови низ државата. ХАЛКБАНК А.Д. Скопје  континуирано работи на отворање на нови филијали и експозитури за комплетно банкарско опслужување, истовремено зголемувајќи го квалитетот и понудата со нови атрактивни производи  и услуги, со намера поуспешно и подобро да ги задоволува потребите на пазарот. 

0002

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *