
Милиардерот Руперт Мурдок (82) и неговата сега веќе бивша жена Венди Денг (44), после 14 години брак се разведиле со пријателска прегратка. Овој коректен развод на брак е резултат од потпишување на предбрачен договор каде сите услови биле претходно познати, па во судскиот процес немало ни збор за било каков конфликт.
Предбрачниот договор бил склопен откако Мурдок веќе се изгорел со својата претходна жена која после разводот му земала 1,7 милиарди долари. Во договорот било прецизирано дека Денг ќе нема никаков дел во неговите корпорации кои после неговата смрт ќе ги наследат неговите 4 деца.
Денг го задржала станот во Њујорк купен од семејството Рокфелер за 44 милиони долари, а во реновирањето вложиле доплнителни 50 милиони долари. Станува збор за стан со 20 соби кој се протега на 3 ката.
