
Нераскинлив дел од новогодишната атмосфера се и подароците кои ги разменуваме со саканите. Дознајте што зборува подарокот на вашиот партнер за неговите чувства, без разлика дали е првото нешто што го здогледал во парфимерија или се работи за нешто за кое долго размислувал…
Патување
Без разлика дали се работи за викенд во Париз или некаде низ Македонија, во врска сте со човек со авантуристички дух, кој смета дека секое искуство е поубаво и побогато кога и вие сте присутни. Затоа уживајте во неговиот подарок.
Уред
Ако ви подари Ајпад во кој ги симнал вашите омилени песни, неговото срце дефинитивно вас ви припаѓа.
Накит
Мажите подаруваат накит кога врската во нивните очи изгледа сериозна, а сакаат и вие да почнете да ја доживувате така. Дополнителен плус е ако ви го купил токму она парче накит за кое знае дека ви се допаѓа, бидејќи партнерите кои знаат да слушаат, се вистинско злато.