Швеѓаните направиле велосипед од чисто злато кој чини 80 000 евра!
23 декември, 20130
Скандинавската компанија за дизајн Ауруманија направиле вистинско богатство на две тркала – велосипед изработен од 24 каратно злато, украсен со 600 сваровски кристали.
Велосипедот чија чена изнесува 80 000 евра е произведен само во 10 примероци.
Меѓутоа тешко е да се замисли дека некој би се возел со ваков велосипед низ улиците или во природа. Поголемиот дел од овие велосипеди ќе завршат како украс закачен за ѕид. Првиот примерок веќе е купен од страна на бизнисмен од Лондон кој го закачил во дневната соба како уметничко дело.