Синот на Аркан: Татко ми не е убиен поради спогодба со ХАГ!

23 декември, 20130
8

Ова е најголемата глупост и лага што сум ја слушнал во врска со мојот татко, вели Војин Ражнатовиќ.

Војин Ражнатовиќ (30), синот на убиениот Жељко Ражнатовиќ Аркан (48) демантира дека неговиот татко наводно е убиен поради спогодбата со Хашкиот трибунал со цел да биде заштитен сведок.

“За жал предавството секогаш било главна тема во историјата на нашиот народ“’…напишал на Фејсбук синот на Аркан кој сега живее во Америка, по повод статијата објавена од страна на новинарот Миломир Мариќ кој ја лансираше приказната за спогодбата на Аркан со Хаг.

Војин Ражнатовиќ не сака да дава изјави за медиумите се додека не биде објавена неговата книга посветена на Аркан која ќе биде промовирана на денот на убиството на неговиот татко. Тој тврди дека му вршат притисок книгата да не се појави во јавност.

“Гледам дека повторно пристигнуваат закани, уцени и молби, книгата да не биде издадена…Луѓе, сватете дека со ваквите постапки само уште повеќе ја зајакнувате мојата мотивација и желба да ја претставам голата вистина за мојот татко и да ги обелоденам вашите невистини. Незнам зошто толку се плашите, па морате постојано да вршите притисок на членовите на моето семејство и најблиските пријатели да ме убедат да се откажам од таа идеја? За жал, да имав помек карактер, тогаш можеби ќе се откажев од овој проект. Но кој сте вие да се мешате во мојот живот? Свесен сум дека многумина се против оваа книга, но сватете конечно дека јас не се плашам од никого и дека објавувајнето на вистината за мојот татко за мене е најголем приоритет“, порачува Војин Ражнатовиќ во својот статус на популарната социјална мрежа.

Vojin Ražnatović, Arkanov sin, kurir

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi