Ф’стаците се богати со антиоксиданси, посебно со витамин Е, каротен и полифеноли, а содржат и многу токофероли (дури 23гр во 100гр) кои со витамин Е ја штитат и хранат кожата и спречуваат појава на рак.
Овие плодови се богат извор на витамин Б комплекс, рибофлавин, тиамин, ниацин, фолна киселина, витамин Б6 и пантотеинска киселина, додека, кога станува збор за минералите, содржат голема количина на манган, калиум, магнезиум, цинк, селен и железо.
Исто така, обилуваат со бакар (100гр фстаци ги задоволуваат дневните потреби за овие минерали) кои помагаат во производството на хемоглобин во крвта, олеснување на апсорпција и искористување на железото, контролирање на крвниот притисок и отчукувањата на срцето, и ги зајакнуваат крвните садови, тетивите и нервите.
Можеби најважниот елемент кој ф’стаците го содржат е олеинска киселина за да се намали нивото на лошиот холестерол и го зголемува нивото на добриот. Само 30гр фстаци дневно ги задоволуваат потребите за диететски влакна, мононезаситени масни киселини и антиоксиданти.