Еден наставник во основно училиште во Лос Анџелес е уапсен под обвинение дека злоставувал дваесет ученици.
Наставникот е обвинет за 15 точки од обвинението – осум за континуирана сексуална злоупотреба, а седум за непримерно однесување кон малолетници.
Според полицијата, станува збор за професорот Роберт Пимантал од основно училиште во областа на Вилмингтон.
Неговата кауција е определен на 12.000.000 долари, а почетокот на судењето за сега не е познат. 57-годишниот Пиментал поднел оставка откако во март против него е започната истрага.
Лос Анџелес во последната година го потресоа неколку скандали со злоупотреба на малолетници во училиштата. Наставник во основно училиште, Марк Бернд, минатата година беше обвинет за недолично однесување кон своите ученици.
Минатата година, судот му наредил на градот и да плати 6,9 милиони долари на момчето кое учителот сексуално го злоупотребил.