Скопјанец се бори за живот, скокнал од прозорец од четврти кат

18 јануари, 20130
policija
Млад скопјанец се бори за живот, откако по расправата со вереницата се обидел да се самоубие.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, 29-годишниот Б.И. скокнал од прозорецот од станот на  четвртиот кат од зградата на улица Трифун Пановски во скопската населба Карпош 3 каде што живеел со својата вереница.
На немилиот настан кој се случил вчера во 17.40 часот, според неофицијални податоци му предходела жестока расправија меѓу Б.И и неговата три години помлада вереница Н.З. Тој прво се обидел неа да ја турне, а од кога не успеал, самиот скокнал.
При падот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје. Од полиција велат дека неговиот живот е во опасност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *