Се што е објавено од прислушкуваните разговори забележани во американската НСА за Германија, Франција и другите држави во Европа, базирано е на доверливи податоци кои ги обелодени пред новинарите во Хонг Конг за прв пат Едвард Сноуден.
Адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена потврдил дека со својот клиент разговарал за условите за добивање дозвола за престој поставени од рускиот претседател Владимир Путин, а поа подразбира крај за антиамериканските активности.
Кучерена вели дека Сноуден го разбира ставот на Путин но дека не може да престане со објавување на материјали кои веќе претходно ги доставил на новинарите во Хонг Конг.
Сноуден би можел да се појави во својство на сведок пред германските пратеници доколку тамошниот суд подигне кривична постапка поради незаконско прислушкување на германската канцеларка Ангела Меркел.