Со што се карактеризира силната жена?

popara27 јануари, 20131min00
silna zena

Кога силната жена ќе биде повредена од некој маж таа продолжува напред. Не разгласува по сите пријателки каква хероина е, не постира на фејзбук статуси од родот: „Да се смееш додека срцето ти плаче – тоа е вистинска сила!“ или „За да почнеш од почеток, прво треба да се ослободиш од ѓубрето во твојот живот!“

Силната жена не се срами да плаче. Но кога тоа го прави не бара глупави оправдувања за солзите. Не се удира во гради за тоа колку независна и колку исполнета е всушност. Зошто силната жена е доволно силна за да ја прифати својата женска слабост! И да признае дека не е надприродно суштество!

Силната жена никогаш, апсолутно никогаш не жали за грешките! Таа се насладува на се што доживеала и извлекува само поука од искуството.

Силната жена не парадира наоколу со своите успеси и достигнувања во животот. Не зборува за нив, не ги наметнува, зошто знае дека ако навистина ги поседува, тие ќе се очигледни и нема потреба да ги истакнува!

Силната жена не ги крие своите слаби места. Силната жена не се обидува да се смени, туку само се усовршува. Силната жена не копира никој друг. Таа не е имитатор, туку играч со сопствен стил, кој постојано се развива!

Силната жена многу добро знае колку излишно губење на време и труд е да биде постојано силна жена, кога одлично знае да се справува со тоа да е едноставно само…Жена!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma