Сок од брусница – лек за многу болести

17 февруари, 20131
brusnica

Брусницата има потекло од Северна Америка каде индијанците ја пронашле во XVII век и ја користеле како лек за многу болести. Нешто подоцна е донесена и во Европа каде се откриени сите нејзини лековити својства. Во Велика Британија, Франција и Германија исклучително е ценета како антибиотик, додека на нашиот пазар сеуште се претставува како новитет. Оваа зелена ниска грмушка дава плод кој е лек за речиси сите болести.

Стручњаците тврдат дека со редовна употреба на сокот од брусница може да се намали ризикот за срцеви заболувања и заболувања на крвните садови.

Ова овошје созрева два пати во годината, еднаш во јули и еднаш во септември, а во меѓувреме листовите добиваат црвенкаста боја кога е најдобро да се соберат за да се прават чаеви. Посебно се препорачуваат на оние кои се долго време изложени на стрес.

Покрај тоа сокот од брусница успешно ги лечи уринарните инфекции. Сокот е добар и за спречување на појава на чир на желудник, го лечи црниот дроб, и делува против кожните болести.

One comment

  • toni

    2 мај, 2013 at 18:05

    kade bi mozelo da se najde vo prodazba sok od brusnica

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *