Ова е новиот Ал Капоне: Чикаго го прогласи за државен непријател бр 1!

17 февруари, 20130
15

Чикаго го прогласил мексиканскиот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гусман за државен непријател број еден, која титула за прв пат беше доделена во 1930 година на Ал Капоне. Според комисијата за криминал на Чикаго имало и други криминалци кои биле прогласени за јавни непријатели, но Ал Капоне бил единствен број еден до сега.

Гусман е еден од најопасните и најбарани криминалци во светот. Тој е и еден од најбогатите – списанието Форбс го проценува неговиот имот на неколку милијарди долари. За разлика од Капоне, Гусман не живее во Чикаго, туку во планинско засолниште некаде во Мексико.

Шефот на Комисијата за криминал на Чикаго, Рајли вели дека Гусман е многу поопасен од Капоне. „Кога нив двајца би ги ставиле во ринг, Ел Чапо би го изел жив (се мисли на Капоне)“

Американската влада понудила 5 милиони долари за информации кои ќе им помогнат да го уапсат жив. „И тој доаѓа на ред. Со нетрпение го чекам тој ден“, вели Рајли.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber