Преживеал во пустина 3 дена пиејќи ја сопствената урина

popara17 февруари, 20131min00
20

Британката Клер Дери раскажува како нејзиниот 18 годишен син преживеал изгубен три дена во австралиската дивина без храна и вода, пиејќи течност за леќи и сопствената урина.

Сем Дери Вудхед се наоѓа во болница каде се опоравува од тешка дехидратација. Момчето за три дена изгубило 15 килограми. Дери Вудхед се изгубил во вторникот шетајќи низ ненаселената дивина и при тоа не знаел да го најде патот за назад. Да не била течноста за леќи и урината, на таа голема жештина, тој сигурно би бил мртов.