
Една чаша сок од домати дневно штити од појава на рак на дојка, покажа последното американско истражување.
Сокот од домати помага да се произведува еден хормон, за кој се смета дека го штити нашиот организам од вакви болести. “Ползата од конзумацијата на домати и сок од домати дури за кратко, беше докажана од нашето истражување“, соопштиле американските лекари.
Тие дополнуваат дека жените треба секојдневно да конзумираат сок од домати. Само една чаша од овој сок содржи доволно количество на ликопен, супстанција за која се верува дека штити од рак на дојката.
Овој хормон учествува во регулирањето на нивото на маснотии во крвта и наднормалната тежина, кои пак од своја страна го зголемуваат ризикот од појава на рак. Доматите се најдобриот извор на ликопен, но мали количини од оваа супстанција се наоѓаат и во гуавата, кајсиите и розовиот грејпфрут.