Сопругата го изненади на врата, па љубовницата ја фрли низ прозор!:)

21 јануари, 20130
svalerka

Еден Мароканец си поминуваше фини и слатки мигови со својата љубовница во неговиот семеен стан, кога во еден миг, сосема неочекувано, на вратата затропа неговата сопруга.

Што се однесува до сфаќањето на ситуацијата од негова страна, Мароканецот сметаше дека во тој миг има две опции: или храбро да се соочи со сопствената сопруга или да ја фрли љубовницата од прозорот на првиот кат, каде што се наоѓа станот. Очигледно не беше доволно храбар да го направи првото, па второто го виде како поприфатлива опција.

„Ја фрли низ прозор откако на вратата затропа неговата сопруга. Девојката, која има само 17 години, не се повреди при падот, бидејќи падна на куп вреќи кои се наоѓаа на плочникот. Но кога потрча да избега, во паника и шок се удри во ѕид и си ја повреди главата. Потоа беше однесена во болница со цел да бидат санирани повредите кои ги здоби од ударот“, соопшти полицијата.

Типот кој ја фрли малолетната девојка од прозорец беше испрашан од страна на службените лица, а не е познато дали избегнал судир и кавга со својата сопруга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *