Сопругата на холивудскиот актер Метју Маконахи, Камила Алвез призна дека кога пристигнала во САД на 15 годишна возраст, не зборувала добро англиски и работела како слугинка цели 4 години, а потоа и како келнерка во разни ноќни клубови, каде и го сретнала својот иден сопруг.
Убавата бразилка изјавила: „Јас потекнувам од сиромашно семејство и не можев да се јавам на татко ми и да му кажам да ми ги плаќа сметките. Јас морав сама да заработувам за живот!“
Денес 31 годишната сексапилна бринета е мајка на 3 деца и живее раскошен живот со својот богат и славен сопруг.