Современа Пепелашка: Сопругата на Метју Маконахи била слугинка пред да се омажи!
14 март, 20130
Сопругата на холивудскиот актер Метју Маконахи, Камила Алвез призна дека кога пристигнала во САД на 15 годишна возраст, не зборувала добро англиски и работела како слугинка цели 4 години, а потоа и како келнерка во разни ноќни клубови, каде и го сретнала својот иден сопруг.
Убавата бразилка изјавила: „Јас потекнувам од сиромашно семејство и не можев да се јавам на татко ми и да му кажам да ми ги плаќа сметките. Јас морав сама да заработувам за живот!“
Денес 31 годишната сексапилна бринета е мајка на 3 деца и живее раскошен живот со својот богат и славен сопруг.